Nokia Lumia 1020 - Испраќање содржина користејќи Bluetooth

background image

Испраќање содржина користејќи Bluetooth
Сакате да ги споделите вашите содржини или да испратите фотографии што сте ги направиле

до пријател? Можете да користите Bluetooth за безжично да ги испраќате вашите фотографии

и други содржини до компатибилни уреди или до компјутерот.
Можете да користите повеќе од едно поврзување со Bluetooth истовремено. На пример, додека

ги користите Bluetooth слушалките, сè уште можете да испраќате работи до друг уред.
1. Осигурете се дека Bluetooth е вклучен.

2. Допрете и задржете на содржината што сакате да ја испратите и допрете споделување... >

Bluetooth.

3. Допрете го уредот на кој сакате да се поврзете. Можете да ги видите уредите со Bluetooth во

опсегот.

4. Доколку на другиот уред му е потребен код за пристап, внесете го кодот за пристап. Кодот за

пристап, кој може да си го измислите, треба да биде внесен на двата уреда. Во некои уреди кодот

за пристап е фиксиран. За детали, погледнете го упатството за корисници од другиот уред.
Кодот за пристап се користи само кога се поврзувате на нешто за првпат.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

115