
Паричник
Користете Паричник за да ги соберете кредитните и дебитните картички, купоните и зделките
на едно место.
Паричник е виртуелен паричник на телефонот. Можете да:
• Складирате кредитни и дебитни картички на телефонот. За да додадете картичка во
Паричник, мора да се пријавите на сметката на Microsoft на телефонот. Ако веќе имате
кредитна картичка на сметката на Microsoft, истата е автоматски додадена во Паричник.
• Остварувате плаќања со Продавница, на пример, кога купувате апликација од Продавница.
• Остварувате купувања во апликацијата со кредитните картички што се складирани во
Паричник.
• Проверувате сметка на дебитната картичка, ако има достапна апликација Паричник за
картичката.
• Користите картички во Паричник за плаќања со NFC, ако е поддржано од мрежниот
обезбедувач на услуги.
• Складирате купони за зделки и членски картички во Паричник.
За да имате безбеден Паричник, дефинирајте ПИН-број за него.