
Бришење апликација од телефонот
Можете да ги отстраните инсталираните апликации коишто веќе не ги сакате или користите за
да ја зголемите достапната меморија.
1. На почетниот екран, лизгајте налево до менито со апликации.
2. Допрете и задржете на апликацијата и допрете деинсталирај. Можеби нема да можете да
отстраните некои апликации.
Ако отстраните апликација, може да ја инсталирате повторно без да морате да ја купувате, сè
додека апликацијата е достапна во Продавница.
Ако некоја инсталирана апликација зависи на отстранета апликација, инсталираната апликација
може да престане да работи. За детали, погледнете во документацијата на инсталираната
апликација.