Користење поврзување со голема брзина
Зошто да не го извлечете најдоброто од мрежните поврзувања? Користете поврзување на 4G,
кога тоа е достапно и ако телефонот го поддржува.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри > мобилна мрежа.
2. Поставете го Најголема брзина на поврзување на 4G.
Совет: Кога го користите телефонот во области каде што 4G може да не е достапно,
поставете на 3G. Ова исто така помага батеријата да трае подолго, бидејќи телефонот нема
непотребно да се обидува да се поврзе на 4G-мрежа.
Совет: Можете да ја изберете мрежата и рачно. Допрете Бирање мрежа.