
Наоѓање на изгубениот телефон
Не знаете каде го оставивте телефонот или се плашите дека е украден? Користете најди го мојот
телефон за да го најдете телефонот и за да го заклучите или да ги избришете сите негови
податоци од далечина.
На телефонот треба да ја имате вашата сметка на Microsoft.
1. На компјутерот, одете до www.windowsphone.com.
2. Пријавете се со истата сметка на Microsoft како на телефонот.
3. Одберете најди го мојот телефон.
Можете да:
• го лоцирате телефонот на мапа,
• направите телефонот да ѕвони, дури и ако е вклучен тивкиот режим,
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
119

• го заклучите телефонот и да го поставите да прикажува порака за да ви го вратат,
• ги избришете сите негови податоци од далечина.
Достапните можности може да се разликуваат.
Совет: Поставете го телефонот автоматски да ја зачувува својата локација на секои два
часа. Ако батеријата на телефонот се потроши, можете сè уште да ја видите неговата
последно зачувана локација. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри >
најди го мојот телефон.