Nokia Lumia 1020 - Ажурирање на софтверот на телефонот

background image

Ажурирање на софтверот на телефонот
Не ви треба компјутер. Ажурирајте го софтверот на телефонот безжично за нови функции и

подобрени перформанси.
Пред да започнете со ажурирањето, проверете дали батеријата на телефонот е доволно

наполнета.
Употребување на услугите или даунлоадирањето содржина може да предизвика пренос на

големи количини на податоци, кои можат да завршат со трошоци за податоци.
Стандардно, телефонот автоматски ги презема достапните ажурирања кога параметрите за

поврзување со податоци, на пример во роаминг, го дозволуваат тоа. Кога телефонот ќе ве

извести дека е достапно ажурирање, само следете ги упатствата на телефонот.

Совет: Проверете Продавница за ажурирање на апликациите.

Исклучување на преземање на автоматското ажурирање

Ако сакате да имате цврста контрола врз трошоците за податоци додека сте во роаминг, можете

да го исклучите преземањето на автоматското ажурирање. На почетниот екран, лизгајте налево

и поништете го изборот на Параметри > ажурирање телефон > Автоматски преземај

ажурирања кога параметрите за податоци го дозволуваат тоа.