
Копирање контакти
Нека најблиските и најдрагите ви бидат секогаш на дофат. Користете ја апликацијата Пренеси
ги моите податоци за лесно копирање на контактите и текстуалните пораки од стариот телефон.
Совет: Ако имате постар уред на Windows Phone или претходно сте направиле резервна
копија од контактите во Windows Live, можете и да ја додадете вашата сметка на телефонот
и да ги увезете контактите на телефонот директно од услугата.
Стариот телефон треба да поддржува Bluetooth. Контактите на стариот телефон треба да се
зачувани во меморијата, а не на СИМ картичката. Апликацијата не работи со сите модели на
телефони.
1. Вклучете го Bluetooth на стариот телефон.
2. На почетниот екран на новиот телефон, лизгајте налево и допрете Пренеси ги моите
податоци.
3. Допрете продолжи и вклучете Bluetooth.
4. Одберете го стариот телефон од листата со најдени уреди и следете ги упатствата на двата
телефони.
Ако контактите се напишани на јазик што новиот телефон не го поддржува, информациите за
контакт може да не се прикажат правилно.