Nokia Lumia 1020 - Безжично полнење на телефонот

background image

Безжично полнење на телефонот
Нема потреба да се мотате со кабли, само поставете го уредот на безжичен полнач и полнењето

веднаш започнува.
Областите за полнење на телефонот и уредот мора да се допрат. Затоа правилно порамнете ги

телефонот и полначот. Не сите модели на телефони одговараат на сите полначи.

Потребен ви е капакот за безжично полнење CC-3066 на Nokia, означен со логото Qi во

внатрешноста на капакот, за полнењето да биде успешно. Капакот може да е вклучен во

продажниот пакет или да се продава одделно. Користете само оригинални капаци за безжично

полнење на Nokia.
Безжичните полначи на Nokia, како што се плочата DT-900 за безжично полнење, се продаваат

одделно.
За безжично полнење користете само сертифицирани полначи Qi.
1. Осигурете се дека безжичниот полнач е вклучен.

2. Кога ќе го наместите капакот за безжично полнење, поставете го телефонот на безжичниот

полнач така што нивните области за полнење ќе се допрат.

3. Кога батеријата е полна, отстранете го телефонот од полначот.
Областа за полнење е означена.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

12

background image

Предупредување: Осигурете се дека меѓу полначот и уредот нема ништо. Не прикачувајте

никакви објекти, како на пример лепенки, на површината на уредот во близина на областа

за полнење.

За повеќе информации околу безжичното полнење, погледнете во упатството за корисникот на

полначот и капакот за безжично полнење.