Nokia Lumia 1020 - Батерија

background image

Батерија
Добро грижете се за батеријата, таа е животната сила на телефонот.
Вашиот телефон има внатрешна, неотстранлива батерија која се полни. Користете само Nokia

одобрени полначи кои се дизајнирани за овој телефон. Исто така можете да користите

компатибилен USB кабел за да го наполните телефонот (вклучен).
Не обидувајте се да го отворите задниот капак или да ја отстраните батеријата од уредот. За да

ја замените батеријата, однесете го уредот во најблискиот овластен сервис.

Важно: Само квалификуван персонал или овластена установа за сервисирање треба да ја

замени батеријата. Неовластената замена на батеријата може да ја поништи гаранцијата.