Продавница
Направете го телефонот свој со повеќе апликации, игри и други ставки, дел од кои се бесплатни.
Пребарајте Продавница за да ги најдете најновите содржини за вас и вашиот телефон.
Можете да преземете:
• апликации,
• игри,
• музика,
• видеа,
• објави.
Исто така можете да:
• добиете содржина која е релевантна за вашите вкусови и локација,
• споделите препораки со пријателите.
Достапноста на Продавница и изборот на ставки кои се достапни за преземање зависат од
вашиот регион.
За да преземате од Продавница, треба да бидете пријавени со сметката на Microsoft на
телефонот. Кога сте пријавени, ви се нуди содржина која е компатибилна со телефонот.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
42
Можете да пребарувате и преземате содржина директно на телефонот, или да ја пребарувате
содржината на Продавница на компјутерот и да испраќате врски од таму на телефонот преку
текстуална порака.
Многу ставки се бесплатни. За некои мора да платите со кредитна картичка или преку
телефонската сметка.
Достапноста на услугата за плаќање зависи од земјата на престој и понудата на вашиот мрежен
оператор на услуги.
Употребување на услугите или даунлоадирањето содржина може да предизвика пренос на
големи количини на податоци, кои можат да завршат со трошоци за податоци.