Nokia Lumia 1020 - Заштеда на трошоци за роаминг на податоци

background image

Заштеда на трошоци за роаминг на податоци

Сакате да заштедите на телефонските сметки? Можете да ги намалите трошоците за роаминг на

податоци со промена на параметрите за мобилни податоци. Роаминг на податоци значи

користење на телефонот за примање податоци преку мрежи кои вашиот оператор на услуги не

ги поседува или не управува со нив. Поврзување на интернет преку роаминг, особено кога сте

во странство, може значително да ги зголеми трошоците за пренос на податоци. Вашиот мрежен

оператор на услуги може да ви наплаќа фиксна тарифа за пренос на податоци или пак плаќањето

да биде врз основа на користењето. За користење на оптималниот начин на поврзување,

променете ги параметрите за Wi-Fi, мобилните податоци и преземањето е-пошта.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

33

background image

Користењето на поврзување со Wi-Fi е обично побрзо и поевтино отколку користење на

поврзување со мобилни податоци. Ако се достапни и поврзување со Wi-Fi и поврзување со

мобилни податоци, телефонот го користи поврзувањето со Wi-Fi.
На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри.
1. Допрете Wi-Fi.

2. Осигурете се дека Wi-Fi мрежи е поставено на Вклучено

.

3. Одберете го поврзувањето што сакате да го користите.
Затворање поврзување со мобилни податоци

Допрете мобилна мрежа и поставете го Поврзување со податоци на исклучено.
Прекинување роаминг на податоци

Допрете мобилна мрежа и поставете го Опции при роаминг на податоци на без роаминг.

Совет: За да заштедите на трошоци за податоци додека патувате, зачувајте нови мапи на

телефонот пред вашето патување и прелистувајте низ мапите без интернет. Доколку

немате доволно простор, можете да отстраните некои мапи од телефонот.

Поставување рачно преземање на е-пошта

Поставете го телефонот поретко да проверува за нова е-пошта или да проверува само на

барање. Во секое поштенско сандаче што го имате, допрете

> параметри > синхронизирај

параметри и променете го параметарот за Преземање нова содржина.