Запознавање со телефонот
Телефонот има два прикази, правејќи едноставно да следите што се случува.
За да менувате помеѓу почетниот екран и менито за апликации, едноставно лизгајте налево или
надесно.
Почетен екран: Анимираните активни плочки ги покажуваат пропуштените повици и примените
пораки, најновите вести и временски прогнози и друго.
Можете да ги организирате и промените големините на плочките и да прикачувате контакти,
апликации, доводи, поштенски сандачиња, веб-страници и други омилени. Ажурирањата од
прикачените контакти се покажуваат на плочката и можете да ги видите деталите за контактите
директно од почетниот екран.
Мени за апликации: Сите ваши апликации се наведени овде, уредно подредени.
Имате многу апликации? За да побарате една, допрете .