Добивање насоки до некое место
Сакате едноставно да го пронајдете вашиот пат? Добијте насоки за пешачење, возење или
употреба на јавен превоз. Употребете ја тековната локација или кое било друго место како
почетна точка.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете HERE Maps.
2. Допрете
> насоки.
3. Доколку не сакате почетната точка да биде тековната локација, допрете од и побарајте
почетна точка.
4. Допрете до и побарајте дестинација.
Маршрутата е прикажана на мапата, заедно со проценка на колку време е потребно до таму. За
да погледнете детални насоки, лизгајте нагоре од дното на екранот.
Совет: За да добиете насоки до некое место, исто така, можете да го допрете местото на
мапата или да допрете и задржите на мапата и да допрете на балончето за информации.
Допрете насоки до овде или насоки од овде.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
81
Добивање насоки за пешачење
Откако ќе ја создадете маршрутата, допрете и на врвот од приказот, допрете започни
навигација. За да се префрлите помеѓу вашата локација, следното вртење и прегледот на
маршрутата, лизгајте налево или надесно на областа за информации под мапата.
Добивање насоки за возење со гласовно водење во HERE Drive+
Откако ќе ја поставите дестинацијата (користете ја тековната локација како почетна точка),
допрете > започни навигација. Маршрутата се отвора во HERE Drive+.
Добивање насоки за јавен транспорт
Откако ќе ја создадете маршрутата, допрете .
Маршрутата се отвора во HERE Transit. Информациите за јавен транспорт се достапни во избрани
градови низ светот.