
Возење до дестинацијата
Кога ви се потребни јасни насоки за свиок-по-свиок, оптимизирани за возење, HERE Drive+ ви
помага да стигнете до вашата дестинација.
Допрете HERE Drive+.
Почитувајте ги сите локални закони. Додека возите, може да биде забранета употребата на
мобилен телефон или на некои негови функции. Рацете секогаш да ви бидат слободни за
управување со возилото кога возите. Најважната работа додека возите треба да ви биде
безбедноста на патот.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
84

1. Допрете
> Постави дестинац. и побарајте ја дестинацијата.
2. Допрете на дестинацијата и вози до.
3. Ако сакате да избегнете тунели и траекти или одредени видови на патишта, како што се
неасфалтирани патишта, допрете на лентата со алатки со опции за маршрутата и вклучете или
исклучете видови на патишта.
4. За да ја започнете навигацијата, допрете СТАРТ.
Стандардно, мапата се ротира според насоката за возење. Компасот секогаш покажува север.
Совет: Ако сакате да го погледнете преостанатиот пат за време на навигацијата, можете да
ја повлечете мапата со прстот. За да се вратите на тековната локација, допрете .
5. За да ја прекинете навигацијата, допрете
> Запри навигација.
Гледање на мапата на цел екран
Допрете ја мапата.