Nokia Lumia 1020 - Методи на позиционирање

background image

Методи на позиционирање

Телефонот ја покажува вашата локација на мапата користејќи позиционирање врз основа на GPS,

GLONASS, A-GPS, Wi-Fi или мрежа (идентификација на ќелија).
Достапноста, прецизноста и потполноста на информациите за локација зависат од, на пример,

локацијата, опкружувањето и изворите на трети лица. Информациите може да се ограничени.

Информациите за локација може да не се достапни, на пример, во внатрешноста на згради или

под земја. За информациите за приватност поврзани со начините на позиционирање, погледнете

во политиката за приватност на Nokia.
Мрежната услуга Assisted GPS (A-GPS) и другите слични подобрувања на GPS и Glonass добиваат

информации за локација користејќи ја мобилната мрежа и помагаат при пресметувањето на

тековната локација.
A-GPS и други подобрувања на GPS и GLONASS можеби им е потребно пренос на мала количина

на податоци преку клеточна мрежа. Доколку сакате да избегнете трошоци на податоци, на

пример додека патувате, можете да го исклучите мобилното поврзување на податоци во

параметрите на телефонот.
Wi-Fi позиционирањето ја подобрува прецизноста на позиционирање кога сателитските сигнали

не се достапни, особено кога сте во затворен простор или помеѓу високи згради. Доколку сте во

место каде употребата на Wi-Fi е ограничена, можете да ја исклучите Wi-Fi во параметрите на

телефонот.

Забелешка: Користењето на Wi-Fi може да биде ограничено во некои земји. На пример, во

Европа, дозволено е користење на 5150–5350 MHz Wi-Fi само во затворен простор, а во САД

и Канада, дозволено е користење на Wi-Fi од 5,15–5,25 GHz само во затворен простор. За

повеќе информации, контактирајте со локалните власти.

Мерачот на патот може да биде неточен, во зависност од достапноста и квалитетот на

сателитското поврзување.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

88