Nokia Lumia 1020 - Пораки

background image

Пораки

Останете во контакт со пријателите и испратете им текстуална или мултимедијална порака или

започнете со чет.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

53

background image

Можете да отворите пораки директно од почетниот екран. Допрете Размена на пораки.
Можете да испраќате и примате различни видови на пораки:
• текстуални пораки,
• мултимедијални пораки што содржат прилози, како што се фотографии,
• чет пораки.
Пораките и четовите помеѓу вас и одреден контакт се подредени во разговори.
Кога сакате да стапите во контакт со некој контакт, телефонот може да ви помогне да го изберете

најдобриот начин. Доколку контактот е пријавен во некоја услуга за чет, можете да започнете

со четување. Во спротивно, можете да испратите текстуална порака.
Ако направите групи со контакти што содржат, на пример, членови на семејството или колеги,

можете да испратите порака до група.
Во параметрите за пораки можете да го поставите телефонот да направи резервна копија од

пораките на SkyDrive. Ако започнете со користење на нов уред на Windows Phone можете да ги

добиете пораките на новиот телефон за време на поставувањето.
Можете да испраќате текстуални пораки подолги од ограничувањето за бројот на знаци за една

порака. Подолгите пораки се испраќаат како две или повеќе пораки. Операторот на услуги може

да изврши наплата соодветно. Знаците со акценти, или други знаци, или некои јазични опции,

заземаат повеќе простор и го ограничуваат бројот на знаци кои може да бидат испратени во една

порака.
Употребување на услугите или даунлоадирањето содржина може да предизвика пренос на

големи количини на податоци, кои можат да завршат со трошоци за податоци.