Nokia Lumia 1020 - Exchange ActiveSync

background image

поставки. Напишете го корисничкото име и лозинката, допрете Exchange ActiveSync и

впишете ги бараните детали.

3. Допрете пријави се.

Совет: Во зависност од сметката за е-пошта, исто така, можете да синхронизирате и други

ставки покрај е-поштата на телефонот, како што се контакти и календар.

Доколку телефонот не ги пронаоѓа параметрите на сметката за е-пошта, напредни поставки

може да ги најде. За ова потребно е да го знаете видот на сметката за е-пошта и адресата на

дојдовните и појдовните сервери за пошта. Овие информации можете да ги добиете од

операторот за услуги за е-пошта.
За да дознаете повеќе околу параметри на различни сметки за е-пошта, погледнете го делот

Како-да на www.windowsphone.com.
Додавање поштенско сандаче подоцна

Во поштенското сандаче, допрете

> додај сметка на е-пошта и сметка и пријавете се.

Exchange ActiveSync
Дали би сакале да ги имате е-поштата, контактите и календарот од работа при рака, без разлика

дали работите на компјутерот или сте надвор со телефонот? Можете да ги синхронизирате

важните содржини помеѓу телефонот и сервер Microsoft Exchange.
Exchange ActiveSync може да се постави само ако вашата компанија има сервер Microsoft

Exchange. Како дополнување, администраторот за ИТ на компанијата мора да го вклучил

Microsoft Exchange ActiveSync за вашата сметка.
Пред да започнете со поставувањето, осигурете се дека го имате следното:
• корпоративна адреса за е-пошта,
• името на серверот Exchange (обратете се на одделот за ИТ на компанијата),
• името на доменот на мрежата (обратете се на одделот за ИТ на компанијата),
• лозинката на канцелариската мрежа.
Во зависност од конфигурацијата на серверот Exchange, можеби ќе треба да впишете

дополнителни информации во текот на поставувањето. Ако ги немате правилните информации,

обратете се на одделот за ИТ на компанијата.
Во текот на поставувањето можете да поставите колку често телефонот да ги синхронизира

содржините со серверот. Се синхронизираат само содржините што се дефинирани во текот на

поставувањето. За да синхронизирате дополнителни содржини, променете ги параметрите на

сметката Exchange ActiveSync.
Со Exchange ActiveSync може да биде задолжително да го користите кодот за заклучување.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

59

background image

Користењето на Mail for Exchange е ограничено за синхронизација преку мрежата на PIM-

информации помеѓу уредот на Nokia и овластениот сервер на Microsoft Exchange.