Читање е-пошта
Чекате важни вести? Користете го телефонот за да ги читате вашите пораки наместо да ги
проверувате само кога сте на бирото.
Можете да видите кога имате нови е-пораки на почетниот екран.
1. На почетниот екран, допрете .
2. Во поштенското сандаче допрете ја е-пораката. Непрочитаната е-пошта е означена со
различна боја.
Совет: За да зумирате или одзумирате, ставете два прста на екранот и раздвојте ги или
спојте ги со лизгање.
Совет: Доколку е-порака содржи веб адреса, допрете ја за да ја посетите страницата.
Читање е-пошта во разговор
Во поштенското сандаче, допрете го разговорот што ја вклучува е-пораката и допрете на неа.
Разговорот со непрочитана е-пошта е означен со различна боја.
Зачувување прилог
Додека е-поштата е отворена, допрете го прилогот, како на пример фотографија, и ќе биде
преземен на телефонот. Допрете го прилогот повторно и допрете
> зачувај на телефон.
Не сите формати на датотеки можат да бидат зачувани.