Nokia Lumia 1020 - Работа со е-поштата и календарот на телефонот и компјутерот

background image

Работа со е-поштата и календарот на телефонот и компјутерот
Можете да користите различни адреси за е-пошта за бизнис и разонода. Можете да додадете

неколку поштенски сандачиња на телефонот и да ја користите истата сметка за е-пошта на

телефонот и компјутерот, без разлика дали е Outlook, Office 365 или друга сметка за е-пошта.

Е-поштата и календарот се постојано синхронизирани, и можете да се придружите на

состаноците директно од поканите во календарот. Можете да го искористите интегрирањето на

е-поштата и календарот, така што, на пример, кога имате состанок што претстои, можете да го

видите списокот со присутни и со еден допир да пристапите до сите дискусии преку е-пошта или

текстуални пораки што сте ги имале со некој од присутните.
За повеќе информации за создавањето поштенски сандачиња, погледнете во делот „Додавање

поштенско сандаче“ во упатството за корисникот.
За повеќе информации за Office 365 погледнете го видеото на www.youtube.com/watch?

v=2QxiYmAerpw (само на англиски).