Пресметување
Треба да пресметате нешто додека сте во движење? Можете да го користите телефонот како
калкулатор.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Калкулатор.
Совет: За да го користите основниот калкулатор, држете го телефонот исправен. За да го
користите научниот калкулатор, држете го телефонот во хоризонтална положба.
2. Внесете го првиот број на пресметката.
3. Допрете функција, како на пример, додавање или одземање.
4. Внесете го вториот број на пресметката.
5. Допрете =.
Оваа функција е направена за лична употреба. Прецизноста може да е ограничена.