Nokia Lumia 1020 - Користење на бројот од работа

background image

Користење на бројот од работа

Деловната сметка на телефонот ви овозможува да си ја работите работата.
Ако имате деловен телефон, вашата компанија може да создаде деловна сметка со цел да ги

направи информациите на телефонот побезбедни, давајќи ви пристап до документите или

информациите во мрежата на компанијата, дури да ви даде апликации или центри што ќе ви

помогнат со работата.
Ако компанијата има достапни апликации, дадена ви е можноста да ги преземете, веднаш откако

ќе завршите со додавање на деловната сметка на телефонот. Ако нема достапна апликација

откако ќе ја поставите сметката, компанијата ќе ве извести кога таква апликација ќе биде

достапна.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

105

background image

Деловниот центар ви овозможува да ги добиете информациите од компанијата на едно место -

вести, расходи, апликации или да пристапите до продавницата на компанијата. Инсталирањето

на центар работи на истиот начин како инсталирање на деловна апликација. Ако е достапен, ја

имате можноста да го додадете откако ќе ја додадете деловната сметка. Ако компанијата

подоцна развие центар, ќе ви биде понуден друг начин да го поставите кога е подготвен.
Повеќето деловни сметки вклучуваат полиси. Деловната полиса ѝ овозможува на компанијата

да додаде опции за безбедност на телефонот, најчесто со цел да се заштитат доверливи или

чувствителни информации.
За да ја поставите деловната сметка, допрете Параметри > апликации на компанија.