Копирање на фотографиите на компјутерот
Снимивте фотографии со телефонот што би сакале да ги копирате на компјутерот? Користете ја
алатката за управување со датотеки на компјутерот за да ги копирате или преместите
фотографиите.
Ако компјутерот е Mac, инсталирајте ја апликацијата Nokia Photo Transfer за Mac од
www.nokia.com.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
74
1. Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер со компатибилен USB-кабел.
2. На компјутерот отворете алатка за управување со датотеки, како Windows Explorer или Finder,
и пребарајте до телефонот.
Совет: Телефонот е прикажан меѓу преносливите уреди како Windows Phone. За да ги
видите папките на телефонот, кликнете двапати на името на телефонот. Постојат посебни
папки за документи, музика, фотографии, тонови на ѕвонење и видеа.
3. Отворете ја папката за фотографии и одберете и копирајте ги фотографиите на компјутерот.
Совет: Доколку оперативниот систем на компјутерот е Windows 7 или Windows 8, можете да
ја користите и апликацијата Windows Phone. Со Windows 7, можете да ги преземете од
www.windowsphone.com.