Фотографирање
Правете остри и живописни фотографии. Фотографирајте ги најдобрите моменти за албумот со
фотографии.
1. За да ја вклучите камерата, притиснете го копчето за камера.
2. За да зумирате, лизгајте нагоре, а за да одзумирате, лизгајте надолу.
3. За да фокусирате, притиснете и задржете го копчето за камера на половина пат надолу.
4. За да фотографирате, притиснете го копчето за камера до крај.
Совет: Треба набрзина да фотографирате некој момент? За да ја вклучите камерата, кога
телефонот е заклучен, притиснете и држете го копчето за камера неколку секунди.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
64
Одржувајте безбедно растојание кога го користите блицот. Не го користете блицот на луѓе или
животни одблизу. Не покривајте го блицот додека фотографирате.
Гледање и менување на фотографијата во приказ со полна резолуција
За да ја видите и да ја измените фотографијата која тукушто сте ја направиле, допрете ја кружната
сликичка што се наоѓа до . Фотографијата во полна резолуција може да се гледа само во Nokia
Pro Camera. На пример, во центарот Фотографии, користена е верзија на фотографијата што
лесно се споделува (5 MP).