Nokia Lumia 1020 - Зачувување информации на локација на фотографиите и видеата

background image

Зачувување информации на локација на фотографиите и видеата
Доколку сакате да запаметите точно каде сте биле кога сте направиле одредена фотографија

или видео, можете да го прилагодите телефонот автоматски да ги бележи локациите.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри.

2. Лизгајте до апликации и допрете фотографии+камера > Вклучи информации за локацијата

во фотографиите што ќе ги правам.
Информациите за локација може да се додадат на фотографија или видео, ако локацијата може

да се определи користејќи сателитски или мрежни методи. Ако споделувате фотографија или

видео запис што содржи информации за локација, тие информации може да се видливи за оние

коишто ја гледаат фотографијата или видео записот. Додавањето гео-ознаки можете да го

исклучите во прилагодувањата на телефонот.