Фотографирање во движење
Сакате да направите одлични фотографии од објекти во движење? Користете Nokia Smart
Camera за да ги претворите фотографиите од движечки објекти во единствена динамична
фотографија.
1. Фотографирајте користејќи Nokia Smart Camera.
Совет: Не треба да го следите подвижниот објект кога фотографирате. Само држете ја
камерата неподвижна.
2. Допрете ја кружната сликичка веднаш до .
3. Лизгајте до СНИМКА СО АКЦИЈА и допрете ја фотографијата.
4. За да избришете објекти што се движат од фотографијата, допрете ги белите кругови на дното
на екранот.
5. За да одберете кој објект што се движи сакате да го означите, поместете го кругот на дното
на десниот агол на екранот.
Совет: За да ги означите сите објекти што се движат, допрете .
6. Кога ќе завршите, допрете .