Nokia Lumia 1020 - Безбедност на батеријата и полначот

background image

Безбедност на батеријата и полначот

За да го отстраните полначот или некој додаток, фатете и повлечете го приклучокот, а не кабелот.
Кога полначот не се користи, исклучете го. Ако не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење

со текот на времето.
Секогаш чувајте ја батеријата на температура помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F) за оптимални перформанси. Екстремните

температури го намалуваат капацитетот и животниот век на батеријата. Уредот со жешка или ладна батерија може

привремено да не работи.
Не фрлајте ги батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Почитувајте ги локалните регулативи. Рециклирајте кога

е можно. Не фрлајте ја како отпад од домаќинството.
Не ја растурајте, сечете, кршете, виткајте, пробивајте и никако не оштетувајте ја батеријата. Доколку батеријата истекува,

спречете контакт на течноста со кожата или очите. Доколку тоа се случи, веднаш исплакнете ги опфатените области со

вода, или побарајте медицинска помош. Не ја модифицирајте, не се обидувајте да вметнете туѓи објекти во батеријата и

не потопувајте ја и не изложувајте ја на вода или на други течности. Батериите можат да експлодираат ако се оштетат.
Користете ги батеријата и полначот само за наменетата цел. Несоодветното користење или користењето на неодобрени

или некомпатибилни батерии или полначи може да претставува ризик од пожар, експлозија или други опасности и може

да го поништи одобрението или гаранцијата. Ако сметате дека батеријата или полначот се оштетени, однесете ги во

сервисен центар пред да продолжите да ги користите. Никогаш не користете оштетена батерија или полнач. Не полнете

го уредот за време на бура со грмежи. Полначот користете го исклучиво во затворен простор.