Nokia Lumia 1020 - Информации за сертификација (SAR)

background image

Информации за сертификација (SAR)

Овој мобилен уред е во согласност со меѓународните упатства за изложеност на радиобранови.
Вашиот мобилен уред е радиопредавател и примател. Тој е дизајниран да не ги надминува границите за изложување на

радиобранови (радиофреквентни електромагнетни полиња), што се препорачуваат со меѓународните упатства од

независната научна организација ICNIRP. Упатствата вклучуваат важни безбедносни граници поставени за да се осигури

безбедноста на сите лица, без оглед на возраста и здравјето.
Упатствата за изложеност се засноваат на Специфичната апсорпциска стапка (SAR), која претставува израз на количеството

радиофреквентна енергија (RF) што се нанесува на главата или телото кога уредот емитува. Ограничувањето за SAR во

ICNIRP за мобилни уреди е 2,0 W/kg во просек на 10 грама ткиво.
Тестовите на SAR се изведуваат со стандардни оперативни позиции на уредот, со емитување на највисокото

сертифицирано ниво на енергија во сите негови фреквенциски должини. Максималните измерени вредности на SAR за

уредот се:

Максимална вредност на SAR

Фреквенциски појаси при снимање

Максимална вредност на SAR

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

129

background image

Кога се држи до главата

0,76 W/kg над 10 g

WCDMA 1900 и WLAN 2450

Кога се користи на растојание од 1,5

сантиметри (5/8 инчи) од телото

0,67 W/kg над 10 g

GPRS 850 и WLAN 2450 со 4 отвори

Овој уред ги задоволува упатствата за изложеност на RF кога се користи до главата или е поставен на најмалку 1,5

сантиметри (5/8 инчи) оддалеченост од телото. Кога се користи футрола за носење, спојувалка за каиш или друга форма

на држач за уредот при функционирањето на телефон што се носи на тело, тие не треба да содржат метал и треба да ја

обезбедуваат барем погоре наведената оддалеченост од телото.
За да испраќате податоци или пораки, потребна е квалитетна врска со мрежата. Испраќањето може да се одложи сѐ додека

таква конекција не е достапна. Следете ги упатствата за растојанието на оддалеченост се додека испраќањето не заврши.
При вообичаена употреба, вредностите на SAR се многу помали од вредностите прикажани погоре. Ова се случува бидејќи

работната енергија на мобилниот автоматски се намалува кога не е потребна целосната енергија за повикот, со цел

поголема ефикасност на системот и за да се намалат пречките на мрежата. Колку е помала излезната енергија, толку е

помала вредноста на SAR.
Моделите на уреди може да имаат различни верзии и повеќе од една вредност. Со тек на време може да настанат промени

во компонентите и дизајнот и дел од тие промени може да влијаат на вредностите на SAR. Најновите достапни информации

за SAR за овој и за другите модели на уредите на Nokia може да се најдат на www.nokia.com/sar.
Светската здравствена организација (СЗО) изјавила дека тековните научни информации не укажуваат на потребата за каква

било специјална претпазливост при користење мобилни уреди. Ако сте заинтересирани за намалување на изложеноста,

тие препорачуваат да ја ограничите употребата или да користите комплет за употреба без раце за да се држи уредот

подалеку од главата и телото. За повеќе информации, објаснувања и дискусии за изложување на RF, одете на веб-

локацијата на СЗО на www.who.int/peh-emf/en.