
Возила
Радиосигналите може да влијаат на електронските системи и возилата што не се правилно монтирани и не се соодветно
заштитени. За повеќе информации, проверете со произведувачот на возилото или неговата опрема.
Само квалификуван персонал смее да го инсталира уредот во возило. Неправилното монтирање може да биде опасно и
може да ја направи невалидна вашата гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема на безжичниот уред во Вашето
возило е правилно поставена и правилно работи. Не чувајте и не пренесувајте запаливи експлозивни материјали во истиот
оддел со уредот, неговите делови или додатоци. Не ставајте го Вашиот уред или додатоците на областа за отворање на
воздушните перничиња.