Споделување веб-страница
Кога ќе најдете интересна веб-страница можете да им ја испратите на пријателите. Ако
пријателите се до вас, само допрете ги нивните телефони. Во спротивно, можете да ја испратите
страницата во е-порака или во текстуална порака или да ја објавите на друштвените мрежи.
1. За да се осигурите дека допри+испрати е вклучено, допрете Параметри > допри+испрати
и поставете го NFC-споделување на Вклучено
.
2. Допрете Internet Explorer и одете до веб-страница.
3. Допрете
> сподели страница > Допри+Испрати.
4. Допрете го телефонот на пријателот со вашиот телефон. Другиот телефон мора да
поддржува NFC. За повеќе информации погледнете го упатството за корисници од другиот
телефон.
Оваа функција може да не е компатибилна со сите телефони што поддржуваат NFC.
Испраќање веб-страница во е-порака или во текстуална порака или објавување на
друштвените мрежи
Додека пребарувате, допрете
> сподели страница и како сакате да споделите.