Персонализирање на вашето Микс радио
Можете да креирате профил на музика за да слушате различни жанрови што одговараат на
Вашиот вкус. Вашиот профил се создава автоматски од музиката што ја имате на компјутерот.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Nokia музика > создај микс.
2. Лизгајте до Обележи и допрете Како работи?.
3. На компјутерот одете до web адресата прикажана на Вашиот телефон и креирајте го својот
профил, следете ги упатствата прикажани на web страницата.
4. На телефонот, допрете создај микс, лизгајте до Обележи и допрете земи го мојот музички
профил и жанрот што сакате да го слушате.
Совет: Лизгајте нагоре до крајот на сликите за да ги видите сите ваши жанрови.
Оваа услуга можеби не е достапна во сите земји или региони.