Nokia Lumia 1020 - Безбедност

background image

Безбедност

Прочитајте ги едноставниве упатства. Непридржувањето кон нив може да биде опасно или

незаконски.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО ОБЛАСТИ СО ОГРАНИЧУВАЊА
Исклучете го телефонот кога употребата на безжичен телефон не е дозволена или кога

тој може да предизвика пречки или опасност, на пример во авион, болница или во близина

на медицинска опрема, горива, хемикалии или во области на минирање. Почитувајте ги упатства

во ограничените области.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ Е НА ПРВО МЕСТО
Почитувајте ги сите локални закони. Рацете секогаш да ви бидат слободни за

управување со возилото кога возите. Најважната работа додека возите треба да ви биде

безбедноста на патот.

ПРЕЧКИ
Кај сите безжични уреди може да се јават пречки, кои може да влијаат на нивната работа.

КВАЛИФИКУВАН СЕРВИС
Само квалификувани лица може да го инсталираат или поправаат овој производ.

БАТЕРИИ, ПОЛНАЧИ И ДРУГИ ДОДАТОЦИ
Употребувајте само батерии, полначи и други додатоци одобрени од Nokia за користење

со уредов. Полначите од трети лица што се во согласност со стандардот IEC/EN 62684

и што може да се поврзат со уредот преку микро-USB конекторот, може да се

компатибилни. Не поврзувајте некомпатибилни производи.

ДРЖЕТЕ ГО УРЕДОТ СУВ
Уредот не е водоотпорен. Чувајте го сув.

СТАКЛЕНИ ДЕЛОВИ
Екранот на уредот е стаклен. Стаклото може да се скрши ако уредот се испушти на тврда

површина или ако прими силен удар. Ако стаклото се скрши, не ги допирајте стаклените

делови на уредот и не се обидувајте да го отстраните скршеното стакло од уредот. Престанете

да го користите уредот се додека стаклото не се замени од квалификувани сервисери.

ЗАШТИТЕТЕ ГО СВОЈОТ СЛУХ
За да го спречите можното оштетување на слухот, не слушајте на високо ниво на

гласност подолг период. Внимавајте кога го држите уредот блиску до увото додека

звучникот е во употреба.

SAR
Овој уред ги исполнува упатствата за RF изложеност кога се користи во нормална позиција

наспроти увото или во позиција од најмалку 1,5 сантиметри (5/8 инчи) оддалеченост од

телото. Специфичните максимални вредности на SAR може да се најдат во делот Информации за

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

5

background image

сертификација (SAR) од ова упатство за корисникот. За повеќе информации, одете на www.sar-

tick.com.
Кога се користи футрола за носење, спојувалка за каиш или друга форма на држач за уредот при

функционирањето на телефон што се носи на тело, тие не треба да содржат метал и треба да ја

обезбедуваат барем погоре наведената оддалеченост од телото. Забележете дека мобилните

уреди може да емитуваат дури и кога не остварувате гласовен повик.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

6